Македонија

Новинарот Златев ја доби битката – ослободен од обвинението за оддавање службена тајна

Парите ќе му ги барам лично на Виктор Димовски. Не е народот виновен што тој го злоупотребуваше системот за политички прогон – напиша Златев

По подолга постапка, новинарот Љупчо Златев, уредник и сопственик на Радио Лидер, денеска е ослободен од обвинението за одавање службена тајна, според член 360 од Казнениот Законик, објави самиот Златев на својот профил на Фејсбук.

„Имено, по 5 години кривичен прогон кој беше нарачан, оркестриран и спроведен од Виктор Димовски (кој на телевизија излажа дека сум осуден), Зоран Заев и длабоката држава во ОЈО – ова утро сум ослободен! Соочени со фактите, на рочиштето утрово, од ОЈО Скопје се повлекоа од обвинувањата за одавање службена тајна по член 360 од кз на РМ.

Поучени од одлуките на Европскиот суд за човекови права, извештајот на Стејт Департментот во кој бев споменат, и фактичката состојба презентирана од мојот генијален адвокат – обвинителите одлучија да го повлечат обвинението. Им благодарам на сите за поддршката“ – напиша Златев во објавата,

Тој додава дека „како вистински патриоти, се откажуваме од трошоците за постапката“.

„Парите ќе му ги барам лично на Виктор Димовски. Не е народот виновен што тој го злоупотребуваше системот за политички прогон“ – напиша Златев.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top