Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на делото и налчинот на кој го скрил телто, побара до судот да го осуди асанов за фемицид

„Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека обвинетиот извршил грозоморно убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин како ја убил оштетената и со остар предмет и ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место„ рече обвинителката Александра Здравкова Стојанова.

Според одбраната доказите не се доволни и не даваат јасна слика за тоа како е извршено злоделото. Посочува дека поради тоа се отвара простор за сомнеж во вината на обвинетиот. Побараа и домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот 74 годишен маж.

„Во предметниот случај не постои ниту еден доказ кој упатува дека дејствијата на обвинетиот биле мотивирани од полот на оштетента, ниту пак дека постоела претходна динамика на односо која би укажала на кокнтинуирано насилство заснована на родова основа„ рече адвокатката на обвинетиот, Елизабета Панева.

Одлуката на Судот ќе биде соопштена на 28 април. Според обвинението, Борјанка Николова, е убиена со остар предмет во куќата на Денис Асанов, по што телото било расчленето, а делови се уште недостасуваат. Асанов, првично признал вина, но подоцна ја сменил изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во куќата, по што бил нападнат од тројца мажи кои му ставиле вреќа на главата и го врзале за дрво додека копале дупка за закопување, при што еден од нив, како што рече, го препознал својот очув.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top