Свет

Швајцарија удри по џеб Украинец што земал социјална помош, а возел „порше“

Бегалецот казнет со 84.000 евра за тоа што три години добивал финансиска поддршка, а се шетал со луксузно возило низ Европа

Суд во швајцарскиот кантон Вод му пресуди на украински бегалец за злоупотреба на социјална помош, наложувајќи му да ги врати сите 84.000 евра што ги добил во минатите три години.

Станува збор за 40-годишен украински државјанин, кој се водел како социјално загрозен и добивал финансиска поддршка, а паралелно водел луксузен живот.

Тој го привлекол вниманието на институциите откако откриле дека патува низ Европа со нов „порше кајен“ со кожни седишта.

Украинецот двапати се обидел да ја оспори судската одлука, тврдејќи дека и понатаму има потреба од финансиска помош за живот во Швајцарија, но судот ги одбил неговите жалби како неосновани.

Швајцарските власти порачуваат дека ќе продолжат со засилени проверки за да спречат слични случаи и да обезбедат социјалната помош да стигнува до оние на кои навистина им е потребна.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top