Македонија

Али Ахмети пак „облече“ униформа како „врховен командант на УЧК“: вчера на митинг над Тетово леташе дрон со негова „командантска фотографија“

На два дена пред локалните избори „воинствена“ иконографија и потсетувања на некогашната УЧК од 2001 година…

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети повторно ја „облече“ униформата на „врховен командант“ на УЧК од 2001 година и истапува со таква иконографија. Вчера на митингот на нивната опозициска алијанса  Национална алијанса за интеграција присутните можеа да го видат Али Ахмети во две изданија: едниот во цивилна облека како им упатува предизборни пораки, а на „другиот Али Ахмети“, „облечен“ во воена униформа на некогашен „врховен командант на УЧК“ ги потсетуваше дрон, кој го надлетуваше во тие мигови градскиот плоштад во Тетово, каде што се одржуваше митингот. „Орлите летаат високо во синото небо!“ – беше напишано на транспарентот, кој го носеше дронот со „командантската фотографија“ на Ахмети.

„Симболичен момент се случи за време на митингoт на Националната алијанса за интеграција (АКИ), што се одржа синоќа во Тетово. Додека Али Ахмети го држеше својот говор дрон со албански национални знамиња и симбол на двоглав орел леташе на небото над градот.“ – објави, покрај другото, информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“. На митингот во Тетово во предниот ред се наоѓаа другите челници на Националната алијанса за интеграција на ДУИ, меѓу нив и нивниот кандидат за градоначалник на Тетово Бајрам Реџепи, покрај голем транспарент со напишан текст „УЧК“.

По митингот преку својот фејсбук-профил Али Ахмети соопшти дека ќе учествува денес во Тирана на протестот, кој ќе се одржи на плоштадот „Скенддербег“ во знак на „поддршка на поранешните водачи на УЧК на Косово“, кои се во притвор во Хаг. На фејсбук Ахмети напиша: „Правда за ослободителите„ Сите сме УЧК!“. Упатена е и втора порака „Сите патишта водат кон Тирана – во одбрана на УЧК“ во неговата објава преку општествената мрежа, придружена со видео-снимка од марширање на вооружени поранешни припадници на поранешната косовска УЧК од времињата на нејзиното дејствување.

Телевизијата „Визион Плус“ од Албанија денеска објави: „Протестот во Тирана е под мотото  ‘Слободата има име, правда за ослободителите’. На собирот ќе учествуваат граѓани од сите албански територии, претставници на граѓанското општество и познати политички личности од Албанија, Косово, С.Македонија и пошироко. Околу 60 автобуси со граѓани се очекува да пристигнат од Косово. Овој протест е трет по ред по оние, што се одржаа во Приштина и Хаг во близина на Специјалниот суд. Во Хаг од 3 април 2023 година процесот се одвива против поранешните водачи на УЧК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои ги негираа сите обвинувања за воени злосторства и злосторства против човештвото.“

 

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top