Македонија

Меџити: Османи не го интересира Чаир, туку враќање на власт

Целта на Османи и неговата политичка структура не е подобрување на животот на граѓаните на Чаир, туку враќање на власт за лични интереси.

Бујар Османи и неговата политичка група се целосно одвоени од реалноста и немаат интерес за граѓаните на Чаир, изјави кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир и еден од лидерите на овој политички блок, Изет Меџити, во интервју за емисијата „Дебата на Шења“.

„Тие се занимаваат со меѓународни договори, со атомски бомби и со спасување на светот од нуклеарна војна, само за да го оправдаат фактот дека го донесоа Лавров во Скопје за првпат во Европа по кризата со Русија. Значи, тие не се во контакт со реалноста“, истакна Меџити.

Според Меџити, целта на Османи и неговата политичка структура не е подобрување на животот на граѓаните на Чаир, туку враќање на власт за лични интереси.

„Тие сакаат преку локалните избори да се спасат од правдата и да го отворат патот за враќање во владата. Тие не се за Чаир, тие се за владините фотелји“, нагласи Меџити.

Меџити ја истакна разликата помеѓу визијата на коалицијата ВРЕДИ, која се фокусира на развојот на општина Чаир и на служба кон граѓаните, и стариот менталитет на ДУИ, сега Алијанса за национална интеграција, која според него, цели само кон власт и личните привилегии.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нашето место е во ЕУ, бараме решение за блокадата од Бугарија, што нема да ги загрози националните интереси

„Во моментов веќе има низа закони во собраниска процедура, насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти, поврзани со реформската агенда, чие донесување е поздравено од Европската Унија.“ – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, која вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

Чепреганов: Апсурд е што нѐ негираат од сите страни во време на европска демократија! Да се опстои на македонските интереси!

Пред почетокот на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“, во организација на Социјалистичката партија на Македонија, Тодор Чепреганов и други македонски историчари се осврнаа на оваа тема, нагласувајќи дека е неприфатливо денес да му оспорува на македонскиот народ правото на национално самоопределување, како основно човеково право, кое го извојувал и го потврдил со својата победа во Втората светска војна.

Вицепремиерот Николоски најавува изготвување нов просторен план на Македонија, заради идното обликување на инфраструктурата и развојот

„Изработката на новиот просторен план на Република Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата, што ќе овозможи корист за целокупното општество. Планот го изработува Агенцијата за просторно планирање во соработка со надлежни институции. Тој треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија.“ – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес на настанот, организиран по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.

Манасиевски: СДС оди во стечај, кадрите на Заев се новите лица на Филипче

СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат се повеќе, наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почнува изборот на нов јавен обвинител

Според законот, за јавен обвинител може да биде именувано, односно избрано лице што ги исполнува следниве општи услови: да е државјанин на Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да има деловна способност, да има завршени правни студии и положен правосуден испит

Муцунски: Западен Балкан заедно во ЕУ – никој не смее да остане на маргините

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа се обрати на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“ во Брисел, организиран под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Најнови вести

To top