Македонија

Автобусите на ЈСП од утре остануваат без гас

Јавното сообраќајно претпријатие информираше дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин во испораката на природен гас

 

Тоа може да предизвика редуцирање на некои автобуски линии, особено оние што го користат гасот како гориво.

„Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови“, велат од „ЈСП Скопје“.

Во текот на изминатата година, јавниот превоз во Скопје веќе се соочи со кризи поради недостаток на гориво. На пример, ЈСП со месеци бил во тешка состојба и само неколку автобуси на гас возеле по улиците, додека повеќето останувале паркирани во гаражите поради недостаток на нафта.

ЈСП исто така најави дека ќе ги информира граѓаните навремено доколку се појават дополнителни промени во возниот ред. Плусинфо

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top