Македонија

Кандидатот на ДУИ Реџепи со тужби зел 5.200 евра од Тетово, обвинува ВРЕДИ

Ја дал општината на извршител 7 пати, а сега сака да ја управува, обвини Вреди

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи ја тужел Општина Тетово и наплатил од општинскиот буџет 5.200 евра, од кои половина за камати, за неисплатени надоместоци во времето кога градоначалник беше Теута Арифи, а тој член на Советот, обвини денеска Алби Ќамили од Вреди.

„Не може некој да му посакува добро на Тетово ако ја носи Општината на извршител заради лични интереси. Таков човек денес бара да ја управува истата општина што ја тужеше, ја даваше на извршување и ја ограби со камати. Додека градоначалникот Биљал Касами го отплаќаше јавниот долг, Бајрам Реџепи ја товареше општината со камати за плати кои неговата поранешна шефица Теута Арифи, не му ги исплатила – рече Ќамили.

Да, ова не е ниту иронија, ниту шега, додаде тој.

– Според документите објавени вчера, Бајрам Реџепи ја тужел Општина Тетово и отворил седум извршни постапки за периодот кога бил општински советник во времето на владеењето на Теута Арифи. А резултатот? Од џебовите на тетовци тој наплатил 324.230 денари – повеќе од 5.200 евра, од кои половина се само камати. И тоа токму за време на мандатот на Биљал Касами, од буџетот од кој градоначалникот се обидуваше да го отплати долгот од 24 милиони евра што го оставија д ДУИ, Теута Арифи и Бајрам Реџепи – рече Ќамили.

Овие луѓе немаат мера, додаде тој.

– Истата личност што ја тужеше и ја доведе општината во долгови, денес бара шанса да застане на нејзино чело. Што ќе направи тужителот и извршителот на Општина Тетово ако дојде на власт? Дали ќе ги намали платите на администрацијата за 30%, како што направи во периодот 2013–2017 како советник, додека своите пари ги бара со камата и со извршители – праша Ќамили.

На Тетово не му треба таков човек, додаде тој.

– На Тетово му треба човек работлив, чесен, кој го става интересот на граѓаните над личниот интерес. А, овие квалитети ги поседува само Биљал Касами – рече денеска Алби Ќамили од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top