Спорт

Градоначалникот Тони Коњановски приреди прием за боксерот Ален Рустемовски кој освои бронза на ЕП во Бугарија

Македонски боксер, кој освои бронзен медал на Европското првенство во Бугарија

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за Ален Рустемовски, македонски боксер, кој освои бронзен медал на Европското првенство во Бугарија.

Ален Рустемовски испишува историја во македонскиот бокс, истакна градоначалникот Коњановски на приемот за Рустемовски и неговиот тренер Јове Петровски.

-Задоволство беше да се слушне за овој голем успех, односно освоениот бронзен медал на Европското првенство што се одржа во Бугарија. Рустемовски не застанува тука, пред него се нови предизвици. Во оваа прилика сакам да потврдам дека Општина Битола со средства од еден милион денари ќе го поддржи Рустемовски да се подготвува и обезбеди пласман на Олимписките игри, истакна градоначалникот Коњановски.

За време на приемот беше нагласено дека после 20 години повторно во Македонија пристигна европски медал во бокс кој овој пат го освои битолчанецот Ален Рустемовски.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top