Свет

Средбата Путин – Трамп ќе се случи за две недели или нешто подоцна – соопшти Песков

Песков изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио треба телефоински да разговарат и да договорат состанок

Кремљ денеска соопшти дека средбата помеѓу рускиот и американскиот претседтаек Владимир Путин и Доналд Трамп би можела да се одржи за две недели или малку подоцна, но оти има уште многу детали да се договорат пред да се одреди точниот датум.

Во вчерашниот телефонски разговор Путин и Трамп се договорија да одржат втор самит за војната во Украина во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Првата нивна средба беше на Алјаска на 15 август, на која не беше постигнат напредок.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио треба телефоински да разговарат и да договорат состанок на кој би се решиле голем број прашања пред самитот.

– Има многу прашања, мора да бидат утврдени преговарачките тимови и така натаму и така натаму. Според тоа, сè ќе се одвива во фази, секако ако има волја кај двајцата претседатели. Самитот навистина може да се одржи за две седмици или малку подоцна. Општо е прифатено дека ништо не треба да се одложува – истакна Песков.

Тој додаде дека Русија останува отворена за договор што би ја завршил војната во Украина на мирен начин.

Русија го обвинува Киев и неговите европски сојузници за застојот во мировните преговори. Тие, од друга страна, ја обвинуваат Русија за поставување неприфатливи услови и истакнуваат дека не веруваат дека Путин искрено сака мир.

За денеска е предвидено Трамп во Белата куќа да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претходно, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, по телефонскиот разговор со Трамп, денеска изјави дека разговарал со Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега „продолжуваат со полна брзина“.

– Унгарија ќе гарантира, дека Путин ќе може да влезе во земјата за средбата со Трамп и оти потоа ќе може да се врати дома – изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

 

Најнови вести од: Свет

Невина сум и имам доверба во судскиот процес, рече Могерини

Могерини, заедно со уште двајца високи италијански функционери, е обвинета за измама, корупција, конфликт на интереси и оддавање професионална тајна, во врска со доделување на програмата за обука на млади дипломати на Колеџот на Европа, каде што Могерини е ректор.

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право

Постојат силни причини да се верува оти во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства. Во однос на американските напади врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш оцени дека тие не се во согласност со меѓународното право.

Пекинг бара од САД да прекинат целосна комуникација со Тајван

Кина цврсто се спротивставува на каква било форма на официјална комуникација меѓу САД и кинескиот регион Тајван и го повикува Вашингтон веднаш да ги прекине таквите контакти и да не испраќа погрешни сигнали до силите што се залагаат за независност на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.

Скандалот со тендерот на ЕУ е една од најголемите кризи во Брисел, се тресе и столчето на Урсула фон дер Лајен

Синдикатите на вработените во ЕУ предупредуваат дека евентуалното потврдување на обвинувањата би предизвикало „катастрофална штета“ по репутацијата на Унијата. Четворица високи функционери, цитирани од „Политико“, велат дека скандалот дополнително ќе ги затегнува односите меѓу Фон дер Лајен и сегашната висока претставничка Каја Калас.

To top