Спорт

Б92: Блескавите Македонци маршираат кон Светското првенство!

Српскиот портал Б92 со комплименти за фудбалската репрезентација на Македонија по победата над Казахстан од 1:0 во Астана во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство 2026. „Блескавите Македонци маршираат кон Светското првенство!“ е насловот на извештајот од првиот дуел од мундијалските евроквалификации денеска. Пред вечерашниот дуел меѓу фаворитите Белгија и Велс во Брисел „црвено-жолтите“ […]

Српскиот портал Б92 со комплименти за фудбалската репрезентација на Македонија по победата над Казахстан од 1:0 во Астана во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство 2026.

„Блескавите Македонци маршираат кон Светското првенство!“ е насловот на извештајот од првиот дуел од мундијалските евроквалификации денеска.

Пред вечерашниот дуел меѓу фаворитите Белгија и Велс во Брисел „црвено-жолтите“ водат во групата Ј со 8 бода, еден повеќе од Велшаните и седум повеќе од Белгијците, со кои ремизираа 1:1 во петокот во Скопје и за кои тоа беше единствениот настап досега во оваа мундијалска кампања.

To top