Македонија

Активација на „Сејф сити“ и надзор со дронови – Јанев дециден: Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде казнет

СВР Скопје

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работен состанок со раководството на СВР Скопје.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денеска оствари работен состанок со менаџментот на СВР Скопје, на кој детално беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на сите општини што се во надлежност на секторот.

Во рамки на состанокот беа анализирани сите мапирани потенцијално ризични локации поврзани со спроведувањето на оперативната акција „Локални избори 2025“, како и бројот на ангажирани полициски службеници, тактичките планови и конкретните мерки што се преземаат за целосна безбедност и сигурност на граѓаните.

Јанев истакна дека Скопскиот регион претставува еден од најголемите безбедносни предизвици, поради што значителен дел од полициските ресурси се насочени токму таму. Активностите ќе се спроведуваат со зголемено полициско присуство, преку статични пунктови, мобилни патроли и директна контрола во близина на избирачките места и на сите критични локации.

Дополнително, во функција ќе бидат ставени современи технолошки системи, вклучувајќи го системот „Safe City“ и воздушен надзор со дронови, со цел навремена детекција на можни закани и целосна заштита на јавниот ред и мир.

Беше испратена јасна порака дека секој обид за насилство, нарушување на изборниот процес или било какво криминално дејствување ќе биде спречен и санкциониран со брза и одлучна полициска реакција, без разлика на статус, функција или припадност на сторителот.

Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност остануваат посветени на обезбедување на мирни, безбедни и демократски избори, во целосна служба на граѓаните, законот и државата.

 

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top