Хроника

Маж нападнат со остар предмет кај Транспортен центар во Скопје

Полициските службеници излегле на местото и преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.

Триесет и петгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од повеќе лица кај Транспортниот центар.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пријавата била поднесена денеска во 10:15 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, инцидентот се случил на постојка за такси возила, при што едно од лицата замавнувало кон него и со остар предмет.

Полициските службеници излегле на местото и преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top