Македонија

Денеска гласаат затворениците, болните и лицата во старските домови…

Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8.851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.

 

Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2.162 затвореници, а според информациите на МИА најмногу во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор.

Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат. До ОИК пристигнале 9.217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, а прифатени беа само 8.851.

Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.

Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

Ќе се гласа на 3.474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Право на глас на Локалните избори имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717. 803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Гласањето започнува во 7:00, а завршува во 19:00 часот.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Дали во Македонија ќе се отворат бегалски кампови?!

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Велика Британија. Англиските медиуми повторно ја отворија темата дека Македонија започнала формални преговори за прифаќање на бегалци чији барања за азил во Британија биле одбиени. „Тајмс“ наведува дека земјава ќе добива финансиска поддршка за секој лице што би го прифатила, заедно со дополнителни инвестиции и програми за зајакнување на безбедносниот сектор.

Премиерот на Хрватска, лидери од Италија, Шведска, Словенија, Германија и ЕНП со силни пораки за ВМРО-ДПМНЕ

Според партиски извори, ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација.

Судската администрација можно е да излезе на улица од вторник, капак на се – последната одлука

Проблемите како да не стивнуваат во овој сектор. Дополнително судската администрација се соочува и со недостиг на кадар. Деаноски додаде и дека со години наназад имаат неуспешни огласи за вработување пред се заради почетната плата на вработените која е 25.000 денари. Деаноски е револтиран поради тоа што според него ниту една влада досега не успеала да ги слушне проблемите на вработените во овој сектор.

To top