Македонија

Расте бројот на заболени од грип, болниците вријат од пациенти

Центарот за јавно здравје Битола оваа сезона со рекорден број од над 8.300 аплицирани вакцини. Дополнително ги информираат граѓаните дека сè уште располагаат и со бесплатни и со комерцијални вакцини.

Грипот и акутните респираторни инфекции се во пораст, деновиве амбулантите на матичните лекари полни. Во просек дневно по околу 100 прегледи. Пациентите најчесто се жалат на покачена температура, главоболка, болка во мускулите и долготрајна сува надразнителна кашлица. Покрај грипот сè уште се присутни и гастроинтестинални инфекции, со гадење и н повраќање, кои траат ден два.

Битола е еден од градовите со средна активност на вирусот на грипот. Според информациите од ЦЈЗ-во третата недела од оваа сезона, бројот на пријавени случаи изнесува 139, што е за 6,6 пати повеќе од истата недела лани, кога имало само 21. Најголем дел од пријавените се деца до 4 годишна возраст.

Само лани, грипот го достигна пикот кон средината на февруари, кога неделно беа регистрирани и повеќе од 300 лица со грип и заболувања слични на грип. Оваа сезона пикот се очекува на почетокот на следниот месец. Центарот за јавно здравје Битола оваа сезона со рекорден број од над 8.300 аплицирани вакцини. Дополнително ги информираат граѓаните дека сè уште располагаат и со бесплатни и со комерцијални вакцини.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top