Македонија

Починато лице на советничка листа во Град Скопје – во Ново Село печатна грешка во избирачките ливчиња

На една од поднесените советнички листи за избор на советници во Град Скопје, имало и починато лице

На една од поднесените советнички листи за избор на советници во Град Скопје, имало и починато лице. Поради тоа Државната изборна комисија на денешната седница одлучи гласачкото ливче да биде прогласено неважечко, доколку некој граѓанин гласал токму за листата на кое го има починатото лице. Едногласно, членовите на ДИК одлучија да ја поништат оваа советничка листа. Со оглед на тоа дека ваквата информација е доцна октриена, односно по утврдувањето на листите, поднесената советничка листа не може да биде тргната од гласачкото ливче, бидејќи избирачкиот материјал е веќе дистрибуиран.

-Бидејќи оваа информација е доцна откриена, гласачките ливчиња се веќе отпечатени и дистрибуирани и процесот не може да се запре, односно не може да се ограничи правото на глас на граѓаните. Затоа во оваа одлука даваме и соодветно упаство како да се постапува со евентуално дадените гласови за оваа листа на кандидати, односно Избирачките одбори и комисии ќе ги сметаат таквите ливчиња за неважечки, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.

Вакво нешто не е прв пат да се случи. Го имало и на претходните избори. За ова има кривична постапка.

-Таков случај се појави и минатата година. Меѓутоа ние преземавме мерки и листата ја отфрливме бидејќи тој не беше запишан во Избирачкиот список, а сега е запишан во Избирачкиот список и тоа создава дополнителна конфузија. Меѓутоа, како што рековте, ќе се предадат документите на ОЈО за да покрене постапка доколку има основи. Минатата година беше покрената кривична постапка, мислам дека уште се води, не знам до каде е, меѓутоа за вакви случаеви предвидена е кривична постапка, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.

Се разбира, ДИК го повика обвинителството да ги провери сите информации и доколку има основа, да поведе постапка.

Но, ова не беше единствениот проблем за кој расправаше ДИК. Имено, во Ново Село, во дом за стари лица, на момент беше прекинато гласањето во текот на денешниот ден, бидејќи избирачкото ливче било со печатни грешки, односно биле помешани редните броеви на кандидатите.

-Таа грешка е веќе исправена и веќе е доставен материјалот во Општината Ново Село и гласањето таму за болните денеска ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крај на денот, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.

На останатите места каде што е пријавено гласање на изнемоштени и болни лица, гласањето се одвивало без проблем, и немало забелешки од ниту една Избирачка и општинска комисија. Резултатите од денешното гласање ќе бидат објавени утре по завршувањето на првиот круг од Локалните избори, со останатите гласачки ливчиња.

Најнови вести од: Македонија

Поранешен градоначалник дал дозвола за дива градба – заработи кривична

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Славески бара да се заузда со закон растот на банкарските провизии

Во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава, вели гувернерот на Народна банка

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

To top