
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја искористи својата официјална посета на Казахстан за да ја бодри фудбалската репрезентација на Македонија во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026.
„Со срце, со глас и со гордост – поддршка за фудбалската репрезентација на Македонија од трибините на ‘Астана арена’! ‘Црвено-жолтите’ се нашиот тим. Денеска сите знаеме за кого се пее, за кого се радуваме! Го бодриме секој пас, секој шут, секоја победа – правец Светско 2026!“, напиша на Фејсбук шефот на македонската дипломатија откако сведочеше на победата од 1:0, со која најдобрите македонски фудбалери ќе го дочекаат септемвриското продолжение од мундијалските квалификации како лидери во групата Ј.