Македонија

Првичните резултати во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем

ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Општинските изборни комисии (ОИК) првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и се истакнуваат на огласна табла во општината и се соопштуваат на јавните гласила.

Изборната комисија на Град Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од општинските изборни комисии за Градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во Градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Конечните резултати од изборите, ДИК ги објавува за секоја општина поодделно.

Конечните резултати од изборите, ОИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Изборите за градоначалници во единиците на локалната самоуправа  се вршат по мнозинскиот изборен модел, а изборите за членови на советите по пропорционален модел, во еден круг.

На денешните локални избори, право на глас имаат 1 832 415 избирачи кои се запишани во Избирачкиот список и гласаат на вкупно 3 474 избирачки места.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top