Свет

Израелска армија започна бран напади во Газа

Нападите биле насочени против „терористички цели“ на Хамас, соопшти ИДФ, „по јасното кршење на договорот за прекин на огнот што се случи денес“

 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека „започнале бран напади“ во јужниот дел на Појасот Газа откако биле убиени израелски војници, јави Тајмс оф Израел.

Нападите биле насочени против „терористички цели“ на Хамас, соопшти ИДФ, „по јасното кршење на договорот за прекин на огнот што се случи денес“.

Хамас соопшти дека не бил во контакт со никакви борци кои можеби сè уште се во близина на Рафа, каде што ИДФ соопшти дека се случиле судирите.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе ги свика своите врвни помошници на итен состанок денес за да разговараат за одговорот на Израел на нападот на Хамас врз војниците на ИДФ претходно денес и неуспехот на групата да ги врати повеќето од преостанатите убиени заложници, изјави канцеларијата на еден од присутните министри за „Тајмс оф Израел“.

Агенцијата за цивилна заштита во Газа денес објави дека најмалку 11 лица се убиени во серија израелски воздушни напади низ територијата, додека двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот.

Махмуд Басал, портпарол на агенцијата управувана од Хамас, изјави дека шест лица се убиени кога израелски напад погодил група цивили во северна Газа.

Израелската војска изјави за АФП дека ги проверува извештаите за жртви. Претходно, воен претставник изјави дека Израел би можел да започне дополнителни напади откако неговите сили ги таргетирале милитантите во Рафа и Беит Лахија, по три одделни напади врз израелските сили.

Израелски воен претставник изјави дека би можеле да се извршат нови воздушни напади врз Газа, откако во текот на денот беа извршени напади врз Рафа на југ и Беит Лахија на север, објави АФП.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Најнови вести

To top