Македонија

Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ по првиот круг за градоначалник на Скопје

По обработените 86 проценти од гласачките места Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 77.858 гласови или 39,9 проценти а Амар Мециновиќ од Левица освои 26.119 гласови или 13,4%

 

 

Според првичните податоци, во трката за градоначалник на Град Скопје води Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 77.858 гласови или 39,9 проценти од обработените 86 проценти од гласачките места. Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 26.119 гласови (13,4 проценти) и Каја Шукова од СДСМ со 22.666 гласови (11,52 проценти).

Со тоа, во вториот круг за градоначалник на главниот град ќе се соочат Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Мециновиќ од Левица.

На синоќешната завршна прес-конференција ДИК ги соопшти неофицијалните резултати од првиот круг на локалните избори по обработени 96,11 проценти од гласачките ливчиња – 3.339 од вкупно 3.474 избирачки места –  што претставува речиси целосна слика за резултатите..

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, информираше дека излезноста на овие избори изнесувала 48,46 проценти, што е нешто пониска во однос на претходните изборни циклуси.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи е во убедливо водство во 54 општини низ државата, коалицијата ВРЕДИ води во девет, СДСМ во 7, коалицијата НАИ предводена од ДУИ во 5 општини. Демократската партија на Турците има предност во една општина.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top