Македонија

Ако може плажа на Сена во Париз, зошто не на Вардар во Скопје?

Водата од реката Вардар се употребува за наводнување на дел земјоделски површини со што се загадуваат земјоделските производи, а тоа влијае на здравјето на луѓето што ги консумираат, пишува професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Ристто Цицонков.

На овие пеколни горештини, скопјани не можат да се освежат и да пливаат бидејќи нема градски плажи, а малиот број базени се далеку од задоволување на потребите на граѓаните. Низ градот тече реката Вардар, најголемата река во Република Македонија (РМ), но таа е премногу загадена. Центарот за јавно здравје на РМ има донесено забрана граѓаните да ја користат водата во Вардар за пливање, риболов и наводнување. Не само во Скопје, туку по целото течение на реката Вардар се исфрлаат фекалии од градовите и селата, отпадни води со разни хемикалии од индустријата, разновидно ѓубре, коритото се оштетува со ископи на песок… Кога ќе заврне обилен дожд, во реката пливаат пластични шишиња и други предмети. Живиот свет во реката е речиси исчезнат, риби нема или има многу малку што не се за јадење. Веќе не гледам ниту рибари на брегот.

Водата од реката Вардар се употребува за наводнување на дел земјоделски површини со што се загадуваат земјоделските производи, а тоа влијае на здравјето на луѓето што ги консумираат.

Согледувајќи ги потребите на Скопје, со самопридонес на граѓаните, во 1978 година беше изградено „Езеро Треска“ како спортско-рекреативен центар, и тоа беше добро решение за плажа на скопјани. Имаше соодветна инфраструктура: јавни тоалети, кабини за преслекување, ресторан, паркинг. Водата се обновуваше од реката Треска. Но и таа вода стана загадена и се заклучи дека треба да се стави филтер пред да влезе во езерото. Тоа не се направи и оттогаш беше забрането капењето во него и целиот проект за плажа на скопјани пропадна по 20 години.

Но да се вратам на периодот до земјотресот во Скопје (до 1963 г.), во моите детски години живеев во населбата Пролет (ја викаа Пролеќе) и со другите деца од маалото редовно одевме на плажа на реката Вардар кај железничкиот мост. Иако имаше и други плажи (Градска плажа, Руска плажа) кај градскиот парк, „мојата“ плажа за мене беше најдобра бидејќи на брегот имаше ситен песок и ми беше најблиску. Немаше кабини за преслекување, но имавме специјални гаќи за капење (купаќи) со врвки на едната страна и можевме да ги преслекуваме без да ги соблечеме панталоните. Таа плажа беше масовно посетувана од луѓе од Маџир Маало, Ново Маало, нас. Пролет, Мичурин (егејско маало) и др. Таму научив да пливам на седум години.

Се сеќавам, пред влезот на плажата имаше јаз (голема бразда) низ кој течеше загадена вода, а преку него ставена широка талпа како мост по кој поминувавме. По повеќе години, во случаен разговор со мој школски другар (Благоја), дознав дека тој јаз бил плански направен како колектор за отпадни води. Значи, во тоа време, колку-толку, се внимавало реката да биде помалку загадена. Има и друг факт во прилог на помало загадување на Вардар, а тоа е што поголемиот број куќи не беа приклучени на градска канализација, туку имаа свои септички јами во дворовите што се празнеа повремено со цистерни од „Комуналец“ и потоа фекалиите ги исфрлаа во реката на излез од градот. Како доказ дека водата во Вардар беше релативно чиста беше големиот број рибари на бреговите во самиот град. Уловените риби ги ставаа на прачки од врба и како низи ги продаваа приквечер кај Камениот мост.

Заради големата поплава во 1962 година, на Вардар во Скопје е направен голем зафат за регулација на речното корито во должина од 14 км, а од двете страни се направени насипи за заштита од поплави. Изградбата на новото корито траеше од 1967 до 1975 година. За жал, не беше предвиден проект за пречистување на отпадните води, а во следниот период состојбата многу се влошуваше заради интензивната експанзија на градот со ново население и изградба на индустриски објекти.

Радува фактот што во тек е изградба на пречистителна станица за отпадните води во Скопје, лоцирана во Трубарево, со капацитет за околу 600.000 жители. Околу 40 % од градежните работи се веќе завршени, а се очекува да биде готова до 2028 година и да биде пуштена во пробна работа до 2030 година кога ќе биде целосно во функција. Ќе се врши примарен и секундарен третман со помош на современа технологија и опрема за биолошки третман на отпадни води. Се разбира дека треба да се преземат мерки за незагадување и пречистување на водата по целото течение на Вардар од Вруток до Гевгелија.

Реката Сена во Париз беше многу загадена во минатото, така што пливањето во неа било забрането од 1923 година. Но последниве години е направен голем зафат со инсталирање на големи пречистителни станици и во 2025 година е дозволено пливање во реката на одредени плажи по повеќе од 100 години. Значи, проблемот со загадена вода од 11 милиони жители на градот Париз е успешно надминат.

Вардар е еден од симболите на Република Македонија, а меѓу другото, тоа име е испеано во голем број легендарни песни. Во една од нив се вели: „Ој Вардаре македонски, ти ја красиш Македонија…“ А денес, загадениот Вардар е показател на неодговорноста на целото општество: индустријата, политиката, многу несовесни граѓани!…

Да се надеваме дека проектот со пречистителната станица во Скопје ќе се реализира успешно и евентуално реката ќе може да се користи за капење. На крајот, да ве „освежам“ со оптимистички предлог:

Ако може плажа на Сена во Париз, зошто не на Вардар во Скопје?

Најнови вести од: Македонија

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Најнови вести

To top