Македонија

Коридорот 8 ќе биде реализиран кога Македонија ќе биде дел од ЕУ, порачаа од Бугарија

Коридорот 8, еден од десетте паневропски сообраќајни коридори, кој треба да ги поврзе Јадранско со Црно Море преку Албанија, Македонија и Бугарија, за своето завршување ќе го почека зачленувањето на Македонија во Европската унија, најавија од Софија. „Коридорот број 8 ќе биде реализиран кога Република Северна Македонија ќе биде дел од Европската унија, исто како […]

Коридорот 8, еден од десетте паневропски сообраќајни коридори, кој треба да ги поврзе Јадранско со Црно Море преку Албанија, Македонија и Бугарија, за своето завршување ќе го почека зачленувањето на Македонија во Европската унија, најавија од Софија.

„Коридорот број 8 ќе биде реализиран кога Република Северна Македонија ќе биде дел од Европската унија, исто како што е дел од НАТО. Но, за ова мора да се почитуваат сите меѓународни барања и нашите договори што ги имаме меѓу нас“, изјави Кирил Добрев, бугарски пратеник и претседател на Комисијата за транспорт во Народното собрание.

Дел од коридорот ќе биде автопатот „Рила“ од преминот Ѓуешево на границата со Македонија до Дупница, кадешто ќе се спои со автопатот „Струма“, а ќе чини 1,5 милијарди евра, стана јасно на состанокот на експерти, пратеници и градоначалници на општини по должината на трасата со раководителот на Ќустендилската област.

Проектот за изградба на автопатот „Рила” датира од 1978 година, но досега не е реализиран, а работите најрано ќе почнат во 2027 година. Во иднина, тој ќе биде поврзан со автопатот „Струма” кај Дупница, со автопатот „Тракија“ кај Ихтиман и со автопатот „Хемус“ кај Своге.

Неговата изградба веќе се разгледува од стратешка и од одбранбена перспектива, беше кажано на состанокот во регионалната влада.

„Коридорот број 8 и автопатот ‘Рила’ не се само од економско значење, туку се и од одбранбено значење. Ова е исто така од големо значење за демонстрирање на подготвеноста пред нашите меѓународни партнери“, изјави експертот Мартин Јанев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top