Бизнис

Бугарија објави тендер за последните 2,4 км од железничката пруга од Ѓуешево до границата со Македонија

Вредноста на проектот е 57 милиони евра, а треба да биде реализиран до 2029 година

Објавени се јавните набавки за последните 2,4 км од железничката линија од Ѓуешево до Македонија и за делницата Софија – Радомир, соопшти прес-центарот на Министерството за транспорт и врски на Бугарија

Вкупната вредност на тендерите е над 576 милиони лева (околу 288 милиони евра), а рокот за завршување на изградбата е 2029 година.

Националната компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ) денеска ја објави јавната набавка за новата железничка траса од Ѓуешево до границата со Македонија, единствена делница што недостига од железничкиот Коридор 8 на бугарска територија. Тендерот вклучува проектирање и изградба на железничка пруга од 2,4 км, како и реконструкција на железничката станица Ѓуешево, која ќе стане гранична патничка и товарна станица за Шенген.

Последните 420 метри од трасата се издвоени како посебна ставка во тендерот, бидејќи нивната изградба ќе започне по завршувањето на изградбата на прекуграничниот тунел. Само на овој начин нема да се попречи работата на тешката механизација што се користи за тунелирање, објаснува Министерството. Индикативната вредност на нарачката е 114 милиони лева (57 милиони евра), а рокот за завршување на активностите е до крајот на 2028 година за целата делница, со исклучок на споменатите 420 м.

На крајот на јуни, на состанок со министерот за транспорт на Македонија, Александар Николоски, бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов изјави дека изградбата на недостасувачката железничка врска ќе започне во јули. Министерството, исто така, посочи дека двајцата се согласиле да го забрзаат потпишувањето на договорот за заедничка изградба на тунелот.

Пред неколку дена бугарската страна доби одговор од Македонија за нацрт-договорот предложен во јануари оваа година, информира Министерството за транспорт. Бугарската страна нема забелешки на измените испратени од Македонија и ќе предложи да се договори датум за потпишување на документот, додадоа тие.

 

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Најнови вести

To top