Македонија

Адеми: Ахмети е во Македонија, се занимава со своите редовни, вообичаени активности!

Медиумите на албански јазик во Македонија веќе прашуваат со иронија во врска со веќе тридневното „исчезнување“ на Али Ахмети по изборниот дебакл на ДУИ и на Национална алијанса за интеграција: „Кај е, бидејќи не се сторил жив“!

Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми во интервју за Алсат-М, беше запрашан каде е Али Ахмети, бидејќи по завршувањето на изборите, „не се сторил жив“. Адеми одговори дека Ахмети е во Македонија и оти е занимава со своите редовни, вообичаени активности. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ во својата вест со наслов „Арбер Адеми ги ‘смирува’ активистите на Националната алијанса за интеграција: Али Ахмети е во Македонија“.

Порталот ја пренесе изјавата, која ја даде Арбер Адеми во врска со Али Ахмети: „Сигурно дека да, тој е во Македонија, со своите ангажмани.“

Најнови вести од: Македонија

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

Во Куманово одбележана 82-годишнината од убиството на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош од страна на бугарскиот фашистички окупатор

Во спомен куќата на Христијан Тодоровски- Карпош во Куманово беше одбележан денот на неговото загинување – 7 февруари. По тој повод свежо свеќе положија членови на Сојузот на борците Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, припадници на АРМ, установи, институции, политички субјекти. Христијан Тодоровски- Карпош загинал на 7 февруари 1944 во борбите против бугарскиот фашистички окупатор при нападот на военото и полициско упориште во селото Биљача, Прешево, објави информативниот портал „Куманово њуз“.

Ноќеска во Солун маскирани лица се судриja со полицијата, се користеa „молотови коктели“, шок-бомби и солзавец, приведени 309 лица!

Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави МИА од Атина.

To top