Свет

НАСА е уверена дека Земјата наскоро ќе има две Месечини – можно ли е тоа?!

Откритието е направено годинава од астрономите на Универзитетот на Хаваи, кои забележале мала светлосна точка на небото за време на рутинско набљудување. По неколкунеделно следење, било потврдено дека објектот навистина ја дели орбитата на Земјата околу Сонцето, по што НАСА официјално го призна како „квази-сателит“.

НАСА потврди дека Земјата добила нов „квази-месечина“ – мал небесен објект кој кружи околу Сонцето речиси синхронизирано со нашата планета. Иако не е вистински природен сателит, оваа вселенска карпа, наречена 2025 PN7, веќе со децении патува заедно со Земјата, објави LADbible.

Според податоците на НАСА, објектот има дијаметар меѓу 18 и 36 метри, што приближно одговара на висина на мала зграда. Тој не е гравитациски врзан за Земјата како Месечината, но неговата орбита е речиси совршено усогласена со нашата. Научниците проценуваат дека веќе 60 години патува со нас, а доколку орбитата остане стабилна, ќе продолжи да нè следи до 2083 година, пред повторно да замине во длабокиот вселенски простор.

Откритието е направено годинава од астрономите на Универзитетот на Хаваи, кои забележале мала светлосна точка на небото за време на рутинско набљудување. По неколкунеделно следење, било потврдено дека објектот навистина ја дели орбитата на Земјата околу Сонцето, по што НАСА официјално го призна како „квази-сателит“.

Орбитата на 2025 PN7 не е целосно стабилна – во одредени периоди се приближува на само 4 километри од Земјата, додека во други моменти се оддалечува и до 17 милиони километри, зависно од влијанието на Сонцето и другите планети.

Иако 2025 PN7 не е првиот ваков објект, неговото откритие повторно ја отвора темата за тоа како Земјата повремено може да „задржи“ мали небесни придружници во својата орбита.

За љубителите на астрономијата, шансите да го забележат овој објект со голо око се минимални – потребен е моќен телескоп и голема прецизност. Но, самата помисла дека нашата планета има уште еден придружник во патувањето околу Сонцето, буди восхит и чувство на поврзаност со огромниот космос.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top