
Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиона активни војници, со што Руската Федерација би имала втората по големина армија во светот, веднаш по Кина. Оваа одлука, според британските медиуми, следува по зголемените напади на украински беспилотни летала врз клучни руски рафинерии и гасоводи длабоко на територијата на Русија.
Високи руски воени претставници изјавија дека планираат да ангажираат резервисти за заштита на цивилната инфраструктура, како што се рафинериите за нафта. По состанокот со врвните воени лидери, Путин ја потврдил наредбата за зголемување на редовната армија. Тој истакнал дека во Украина моментално се борат најмалку 700.000 руски војници, додека руските парламентарци наведуваат дека во активна резерва има околу два милиона лица. Овие резервисти, кои потпишале договори за резерва, често го правеле тоа поради финансиски надомест, а не заради активна служба.
Рускиот вицеадмирал Владимир Цимљански, заменик-началник на главниот организациски и мобилизациски оддел на Генералштабот на руската армија, изјавил: „Со цел да се зголеми безбедноста на критичните објекти и другите објекти важни за благосостојбата на граѓаните, беше одлучено да се вклучат најобучените и најпатриотски настроени граѓани во спроведувањето на мерките за заштита на цивилните објекти длабоко во Русија.“
🇷🇺 The Ministry of Defense has decided to involve reservists in guarding oil refineries and infrastructure facilities across Russia.
“Due to the increased use of long-range drones by the Armed formations of Ukraine to strike the territory of the Russian Federation, the threat of… pic.twitter.com/sXSloWYOfa
— Kakka🎖️ (@kakkamax) October 22, 2025
Британските медиуми анализираат дека ангажирањето на резервисти за одбрана на инфраструктурата би можело да овозможи Москва да ослободи повеќе редовни војници за фронтот во Украина, каде што конфликтот прераснува во војна на исцрпување. Цимљански нагласил дека овие измени не претставуваат мобилизација, но на руските канали на Телеграм одлуката се толкува токму како таква – масовна мобилизација.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека резервистите нема да учествуваат во „специјалната воена операција“ во Украина, ниту да бидат распоредени надвор од Русија, туку ќе служат во своите региони.