Свет

Зеленски: Трамп и Си да го притиснат Путин да ја запре војната

Ако Кина и Соединетите Држави воведат санкции, или дури и само кажат дека ќе ги воведат и ќе ја прекинат трговијата со Русија, тоа ќе стави крај на војната“, смета Зеленски

 

САД и Кина имаат доволно моќ да го притиснат рускиот лидер Владимир Путин да стави крај на војната. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од „Укринформ“.

„Прво, сè започнува на бојното поле. Сите војни започнуваат таму и секој напредок кон мир е можен само ако има прекин на огнот на бојното поле“, посочи тој. Според него, сосема е јасно како тоа може да се постигне, бидејќи Кина и САД имаат доволно моќ за таа цел.

Имаат доволно влијание да го спречат Путин на една средба, истакна украинскиот лидер.

„Се разбира, ако Кина и Соединетите Држави воведат санкции, или дури и само кажат дека ќе ги воведат и ќе ја прекинат трговијата со Русија, тоа ќе стави крај на војната“, смета Зеленски.

Во Кина се одржува самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). Во рамките на форумот се одржива трипартитна средба меѓу лидерите на САД, Кина и Русија.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

To top