Македонија

Лауреати на ,,23 Октомври” ја пееле химната пострасно од хорот Св. Злата Мегленска (ВИДЕО)

Актер и писател со емотивна изведба на ,,Денес над Македонија се раѓа”

Во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија вчера беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

На свечената церемонија дел од лауреатите ја пееле државната химната посилно и пострасно за време на прекрасната изведба на хорот Света Злата Мегленска.

Според видеото кое до редакцијата Expres.mk го достави член на семејството на еден од добитниците, актерот Гоце Тодоровски и писателот Александар Кујунџиски најгласно ја пееле ,,Денес над Македонија се раѓа”.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски, на писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, на поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и на писателот, академик Божин Павловски.

На доделувањето на наградата присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top