Македонија

Беше еден од ретките што се обидуваа да го спојат македонското поделено општество, граѓаните се простуваат од Агим Јонуз

Уште малкумина како него остануваат во земјава

Меѓу огромниот број на последни поздрави за политичкиот аналитичар Агим Јонуз особено се истакнува една која не е објавена јавно туку само за пријатели.

,,Македонија и Скопје се две длабоко поделени општества. Не сме ги направиле такви ние- такви ги наследивме…

Поделени се по избор многу повеќе од потреба.

Агим Јонуз беше еден од ретките кои се обидуваа да ги спојат тие две општества.

По Агим, такви луѓе можеби остануваат еден грст, во град од пола милион.

Tu bëftë rruga dritë, Agim!”, стои во објавата и последниот поздрав до Агим Јонуз.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top