Свет

Путин: Никој во светот нема такво оружје

Американците ја нарекуваат ракетата „летeчки Чернобил“

 

Русија успешно ја тестираше својата крстосувачка ракета „Буревестник“ (носител на бура) со нуклеарен погон, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне кој било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин.

Американците ја нарекуваат ракетата „летачки Чернобил“.

Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, го информираше Путин дека ракетата прелетала 14.000 км и била во воздух околу 3 часа кога била тестирана на 21 октомври.

Русија тврди дека ракетата 9M730 „Буревестник“ – наречена SSC-X-9 Skyfall од НАТО – е „непобедлива“ за сегашните и идните ракетни одбрани, со практично неограничен дострел и непредвидлива патека на летот.

„Тоа е уникатно оружје што никој друг во светот го нема“, рече Путин, облечен во униформа, на состанокот на командниот пункт со генералите кои ја надгледуваат војната во Украина, во соопштение објавено од Кремљ во недела.

Путин рече дека некои руски експерти еднаш му рекле дека такво оружје веројатно никогаш нема да биде можно, но сега, рече тој, неговото „клучно тестирање“ е завршено.

За разлика од стандардните крстосувачки ракети, кои се напојуваат со млазни мотори, „Буревестник“ користи нуклеарен реактор за напојување.

Се очекува „Буревестник“ да стане првата оперативна ракета од ваков вид.

Додека американската ракета „Томахавк“, со дострел до 2.500 километри, не може да достигне меѓуконтинентални цели,  „Буревестник“ теоретски би лета со денови, дозволувајќи ѝ на ракетата да достигне цели дури и во САД од својата база во Русија, под услов да лета ниско за да ги избегне радарите.

Најнови вести од: Свет

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

To top