Македонија

Минчев: Граѓаните на Куманово го препознаа успехот на Димитриевски

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител ТВ зборуваше за вториот круг од локалните избори, истакнувајќи ја силната поддршка за кандидатите на партијата во Куманово и Центар.

GoranMincev

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител ТВ зборуваше за вториот круг од локалните избори, истакнувајќи ја силната поддршка за кандидатите на партијата во Куманово и Центар.

Тој го пофали градоначалникот на Куманово и претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за реализацијата на преку 800 капитални инвестиции во изминатиот период. „Граѓаните ја препознаа неговата работа и во првиот круг му дадоа предност од околу 11.000 гласови. Очекуваме оваа разлика да се зголеми во вториот круг, бидејќи граѓаните знаат кој може да го води Куманово стабилно, чесно и со резултати“, изјави Минчев.

Минчев се осврна и на соработката со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека двете партии имаат конструктивно партнерство во рамките на Владата, засновано на заеднички цели. „Ние градиме партнерска политика со нашиот коалиционен партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ги очекуваме и нивните гласови, како што и ние дадовме поддршка на нивните кандидати во другите општини. Тие 33 општини кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ се резултат и на нашата поддршка“, додаде тој.

Тој ја искоментира и слабата позиција на СДСМ во Куманово, каде што партијата не само што не влезе во вториот круг, туку падна на четвртото место. Според Минчев, ова покажува голем неуспех на СДСМ во градот.

За Општина Центар, Минчев изјави дека таа е последното упориште на бизнис-интересите на кругот околу Венко Филипче и Зоран Заев, поддржани од актуелниот градоначалник Горан Герасимовски. „Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж во нетранспарентни зделки и корупција. Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и Заев. Првиот ешалон е бизнис-кругот што профитира од градбите, вториот ешалон се луѓе во самата општина, задолжени за занаетчиски работи, фасади, плочки, инсталации. Тоа е класичен модел на корупција и клиентелизам“, нагласи тој, додавајќи дека граѓаните во Центар се разочарани од ваквото управување.

„Ако ги погледнете резултатите, 68 проценти од граѓаните се изјаснија против политиките на Горан Герасимовски. Тоа е сигнал дека Центар сака промена, а не продолжение на криминалните урбанистички политики“, заклучи Минчев.

Движењето ЗНАМ останува посветено на принципите на транспарентност, одговорност и остварување конкретни резултати во секоја општина.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top