Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Мирисот на свадбарски купус, домашните специјалитети и шаренилото на есенските плодови утре ќе создадат вистинска селска атмосфера во Ново Село, Кумановско.

Во недела, 25 октомври, од 10:30 до 15:00 часот, во Туршијара „Суперкиз“ ќе се одржи „Есенско пазарче 2026“, настан кој ги обединува традиционалната храна, локалните производи, народните обичаи и грижата за природата.

Во организација на здружението „Рурал Ума Сто“ од Умин Дол, пазарчето ќе биде можност посетителите да поминат едно поинакво неделно претпладне, да уживаат во домашни вкусови и да се запознаат со богатството на руралната традиција.

Една од главните гастрономски атракции ќе биде подготовката на свадбарски купус, традиционално српско јадење кое е особено карактеристично за овој крај. Овој специјалитет, кој се подготвува со долго и бавно готвење на кисела зелка и месо, е неизоставен дел од многу семејни прослави и собири во кумановскиот регион.

Свадбарскиот купус – еден од најпрепознатливите специјалитети на „Есенско пазарче“, подготвен по традиционален рецепт и послужен со вистинскиот вкус на домашната кујна. Фото: Рурал Ума Сто

Покрај свадбарскиот купус, посетителите ќе можат да уживаат и во понудата на локална храна и домашни специјалитети, во амбиент што ја слави есента и вредноста на локалното производство.

„Есенско пазарче“ нема да биде само гастрономски настан. Посебно внимание е посветено и на едукативните активности. Од 10:30 до 15:00 часот ќе се одржува работилница за деца, а во 13:00 часот е предвидена работилница за компост, на која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со компостирањето и неговото значење за намалување на органскиот отпад и создавање природно ѓубриво.

За вистинска празнична атмосфера ќе се погрижи Детско-младинскиот фолклорен ансамбл „СРМА“ од Куманово, кој ќе настапи во 12:00 часот и ќе ја збогати програмата со традиционални игри и народни носии.

Настанот започнува во 10:30 часот, а во 11:30 часот е предвидено поздравно обраќање на Роза Трајковиќ, организатор на настанот и претседател на здружението „Рурал Ума Сто“ од Умин Дол.

Од скромна локална иницијатива до препознатлива есенска манифестација – „Есенско пазарче“ ги обединува малите производители, љубителите на домашната храна и посетителите од земјата и странство. Фото: Рурал Ума Сто

„Есенско пазарче“ е покана до сите што сакаат да побегнат од градското секојдневие и да поминат неколку часа во пријатна селска атмосфера, со добра храна, традиционални звуци и дружење.

А за оние што внимателно ја следат временската прогноза, организаторите имаат и своја, малку поинаква верзија: „Променливо облачно, со 100% шанси за есенско уживање!“

Без оглед на облаците, во Ново Село утре се најавува ден исполнет со домашни вкусови, традиција и добро расположение.

„Есенско пазарче 2026“ ќе се одржи во недела, 25 октомври, од 10:30 до 15:00 часот, во Туршијара „Суперкиз“, Ново Село, Кумановско.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

To top