Македонија

Алиу: Хипербарната комора ќе го подобри лекувањето на хронични рани

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ја посетија Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде извршија увид во новоинсталираната хипербарна комора

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ја посетија Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде извршија увид во новоинсталираната хипербарна комора. Оваа современа медицинска опрема е набавена со поддршка од компанијата „Зегин“ во рамките на заеднички проект со болницата, демонстрирајќи пример за успешно партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор.

Министерот Алиу истакна дека хипербарната кислородна терапија е од голема важност за пациентите со хронични рани, тешко заздравувачки рани, како дијабетично стапало, изгореници и состојби со нарушена микроциркулација, а се применува во повеќе медицински специјалности. „Упатувам искрена благодарност до компанијата ‘Зегин’ за нивната општествена одговорност, како и до менаџментот и медицинскиот персонал на болницата за нивната професионална подготовка и успешното интегрирање на комората во болничкиот систем“, изјави Алиу за време на посетата.

Хипербарната комора е поставена во одделот за физикална терапија и рехабилитација, но ќе биде достапна и за одделите за пластична хирургија, дерматологија и други болнички одделенија, согласно медицинските потреби и индикации. Алиу нагласи дека ваквите партнерства се клучни за унапредување на јавната здравствена инфраструктура преку воведување модерна опрема, што директно го подобрува квалитетот на здравствените услуги. „Ова е пример како со соработка можеме да го подигнеме нивото на здравствената заштита. Новата опрема придонесува за подобри исходи од лекувањето, намалување на компликациите, времето на хоспитализација и трошоците, а на пациентите им овозможува побрзо и поквалитетно закрепнување“, додаде тој.

Посетата на болницата и промоцијата на хипербарната комора ја истакнаа посветеноста на Владата и Министерството за здравство кон модернизација на здравствениот систем и подобрување на условите за лекување на граѓаните, со акцент на соработката со приватниот сектор за постигнување на овие цели.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top