Македонија

Ѓорѓиевски: Левица е во коалиција со ДУИ, се виде уште од првиот круг, тоа го потврдуваат сега и фотографиите!

„Левица имала поддршка од ДУИ уште во првиот круг на локалните избори.“ – нагласи кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија.

Орце Ѓорѓиевски посочи дека Левица е во коалиција со ДУИ, прикажувајќи и фотографии на кои се гледа како се заедно фотографирани кандидатот на Левица со кандидатот за градоначалник на Тетово од ДУИ, со што се потврдува нивната соработка.

“Она што се говори во јавноста, а има потврди за тоа, од ДУИ кандидатот за градоначалник на Тетово заедно со вашиот кандидат, кои што седат после изборите, но имаше и еден пратеник сликан во Собранието заедно со претставник од ДУИ. Ова јасно говори во која насока се движат процесите.” – укажа Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека уште од првиот круг е јасна поддршката, која Левица ја имала од ДУИ.

„А ако се види состојбата по избирачки места, тоа е многу едноставно и гласањето од првиот круг, јасно се доаѓа до заклучок дека Левица имале поддршка од ДУИ уште во првиот круг.“ – заклучи Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

ВМРО-ДПМНЕ води три спрема еден пред СДСМ и ДУИ!

Три спрема еден е предноста на објективниот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и ДУИ во очите на партиски неопределените граѓани. Тоа го покажуваат сумираните податоци од три анкети, што ги изнесе претседателот на партијата Христијан Мицкоски денеска.

To top