Свет

Тајна средба во Мадрид за спас на Украина

Следната недела во Мадрид ќе се одржи строго доверлив состанок на европските сојузници на Украина, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Следната недела во Мадрид ќе се одржи строго доверлив состанок на европските сојузници на Украина, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Организаторите побарале „максимална тајност“ за средбата закажана за вторник, 4 ноември. Делегатите од 35 земји ќе мора да ги остават своите мобилни телефони во посебна просторија и да се воздржат од објавување информации на социјалните мрежи. Целта е усогласување на нови пакети воена и финансиска помош за Киев, како и зголемување на притисокот врз Русија.

Според документите до кои дошле шпанските медиуми, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина и за начините на долгорочна координација меѓу западните партнери. На состанокот ќе присуствува и шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес.

Од друга страна, вниманието го привлекува и одложувањето на планираната лична средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. Причините за одложувањето не се соопштени, но дипломатски извори во Вашингтон наведуваат дека состанокот ќе се одржи „кога условите ќе бидат соодветни“.

Средбата се организира во период на зголемени тензии меѓу Москва и Западот. Кремљ претходно овој месец тврдеше дека украинските сили не би можеле да изведуваат напади врз енергетски цели во длабочина на Русија без директна поддршка од западните разузнавачки служби. Москва истакна дека воената помош од Запад само ќе го продолжи конфликтот, без суштинска промена на фронтот.

Најнови вести од: Свет

Украинските сили ја вратија контролата врз речиси 90 проценти од Купјанск

Украинските сили ја презедоа контролата врз речиси 90 проценти од градот Купјанск во Харковскиот регион, изјави денеска врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, еден ден откако Русија објави дека има целосна контрола врз градот.

Трамп ја прошири забрана за влез во САД: Вклучени Сирија и Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша прокламација со која ја прошири забраната за влез во САД за граѓани од дополнителни земји, вклучувајќи ја Сирија и лица со патни документи издадени од Палестинската автономна власт (ПА).

Доналд Трамп поднесе тужба против „Би-Би-Си“, бара отштета од 5 милијарди долари

Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.

Најнови вести

To top