Македонија

Мицкоски: По заминувањето на Меџити, ВРЕДИ нема да добие ресор повеќе

„А зошто да има“, одговори премиерот на прашањето дали со назначување на друго име од ВРЕДИ за министер за животна средина, Коалицијата ќе добие уште еден министер во Владата, бидејќи Меџити вршеше две функции

Премиерот денеска стакна дека реконструкција на Владата засега ќе нема, а испразнетите ресори со кои раководеше вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе бидат пополнети, за што последниот збор ќе го даде тој како мандатар.

По заминувањето на Меџити како градоначалник на општина Чаир, коалицискиот партнер ВРЕДИ го предложил Беким Сали за прв вицепремиер за министер за животна средина и просторно планирање но Мицкоски рече дека тоа е одлука на коалицискиот партнер и оти не значи дека ќе добие место повеќе во владиниот кабинет.

„ А зошто да добие? Тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалиционен партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет“ – рече Мицкоски на прашање дали кадар од Коалицијата ВРЕДИ и натаму ќе го води Министерството за животна средина.

Прашањето беше дали со назначување на друго име од ВРЕДИ за министер за животна средина, оваа коалиција ќе добие уште еден министер во Владата, зашто Меџити вршеше две функции.

Мицкоски очекува да добие имиња за испразнетите места во владата и да види дали тие имиња ги исполнуваат неговите очекувања.

Како што рече, евентуалната реконструкцијата во Владата е процес кој што ќе трае.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДМПНЕ рече дека во партијатасега се фокусирани на партискиот конкрес што треба да се оддржи на 6 декември.

„Ние сега сме фокусирани на редовниот конгрес. Тоа ќе опфати и формирање на партиска структура, извршен комитет и други структури. Во меѓувреме ќе размислуваме за одредени кадровски поместувања во Владата доколку има потреба за сето тоа.

Подготвен сум да разговарам со сите чинители и да ги слушнам. Мандатар сум јас. Нормално е дека последниот збор ќе го имам јас.

Реконструкција на влада не се прави само за да се реконструира Владата.

Пред кој било потег да се повлече треба да се размисли дали тоа ново кадровско решение ќе биде подобро од сегашното и дали новото решение ќе понуди подобра програма. Реконструкцијата нема да значи ништо ако донесеме некој што нема што да понуди“ рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top