Спорт

Милевски: Во Велс одиме без калкулации, со желба за победа

Македонскиот селектор не го менува пристапот пред најважниот меч од мундијалските квалификации на 18 ноември во Кардиф

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, за претстојниот завршен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф со најава за ист пристап како и на претходните дуели.

„Против Велс одиме со ист пристап, без калкулации, со желба за победа и докажување дека Македонија со право е меѓу најконкурентните во баражот за мундијалот“, изјави тој.

„Без разлика на тоа што мал дел од фудбалерите имаат континуирана минутажа во клубовите, секогаш даваат максимум во дресот на Македонија. За мене тие се феномени. Да играш на вакво ниво без ритам е за почит. Секој си го заслужил местото во репрезентацијата“, додаде селекторот.

Милевски за најважниот меч од квалификациите, како и за контролниот со Летонија пет дена претходно, не може да смета на повредениот лев бек Езгјан Алиоски.

Собирот на националниот тим е закажан за 10 ноември во Скопје.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top