Македонија

Трамп за Орбан: Јас сум негов двојник! – Орбан: Не барам САД да ги решава нашите судири со ЕУ!

„Ние сме единствената влада во Европа, која се смета себеси како современа христијанска влада. Сите други влади во Европа се во основа либерални левичарски влади. Затоа од 2010 година се обидуваме да направиме нешто, што е различно од она, кое другите го прават дури и на филозофско ниво и на ниво на пракса. Ние сме еден вид посебен остров на различност во либералниот океан во Европа и се сметаме себеси како современа христијанска влада. Тоа е соодветната категорија, за да се опише она што го правиме.“ – посочи унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во Вашингтон..

„Орбан е почитуван од сите. Некои го сакаат и можам да ви кажам дека го сакам и го почитувам. Јас сум негов двојник. Така се води Унгарија. Тие се водени правилно и затоа тој ќе биде многу успешен на претстојните избори.“ – изјави претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп. Орбан нагласи: „Не сум тука да барам претседателот Трамп да ги решава моите судири, или нашите судири со Европската Унија. Ова е наше прашање, сами ќе го сториме тоа. Нам ни треба да отвориме златно доба во односите меѓу САД и Унгарија. Тоа е најголемата помош, што можеме да ја добиеме од САД.“

„Европската Унија направи катастрофални грешки со мигрантите, а Виктор Орбан не направи грешка и тој е почитуван од сите. Ќе го поддржам на претстојните избори во Унгарија. Мојот пријател Орбан врши фантастична работа. Тој е многу моќен човек во својата земја и е сакан. Тој раководи со навистина одлична земја и нема криминал. Ќе разговараме за трговијата меѓу нас. Ќе разговараме малку за Русија и за Украина. Ќе разговараме за енергијата и цените на енергијата, кои во моментов во САД се многу ниски. – укажа американскиот лидер на оваа прес-конференција. 

Според Виктор Орбан, „се отвара ново поглавје во заемните односи меѓу Унгарија и САД, кои во време на демократската администрација беа уништени“. „Ова е златно доба меѓу САД и Унгарија. Имаме многу предлози за економска соработка, воена соработка и за политичка соработка. Ние сме соседи на Украина, која е во војна, и тоа е најважното прашање за нас и би сакале да разговараме со вас како можеме да придонесеме, за да ви помогнеме во вашите мировни напори.“ – напомна Трамп, обраќајќи му се и на Трамп.

Запрашан дали САД ќе направи исклучок за Унгарија во врска со нафтата што доаѓа од Русија Трамп одговори потврдно. Новинар го праша Трамп: Дали се согласува дека оваа средба е симбол на зајакнувањето на новата конзервативна светска алијанса и како ја гледа иднината на Европа, имајќи ги предвид луѓето како Орбан, кои им се спротивставуваат на бриселската бирократија и глобалистичката агенда?

„Орбан е одличен лидер и е почитуван насекаде. Но тоа не значи дека е сакан од некои од лидерите. Но тие лидери се покажаа како промашени. Ако го погледнете неговиот став за имиграцијата и за други работи, а потоа ако ја погледнете Европа, ќе видите дека во Европа направија огромни грешки во врска со имиграцијата. Тоа навистина им штети. А Орбан не направи грешка во врска со имиграцијата. Тој е почитуван од сите. Некои го сакаат и можам да ви кажам дека го сакам и го почитувам. Јас сум негов двојник. Го сакам и го почитувам и така се води Унгарија. Тие се водени правилно и затоа тој ќе биде многу успешен на претстојните избори.“ – одговори американскиот претседател Доналд Трамп.

На прашање „која е пораката на Трамп до ЕУ, која сака да ги наметне своите политики кон Унгарија“, Трамп одговори „дека треба да го почитуваат Орбан многу силно, бидејќи тој беше во право за имиграцијата“.

„Погледнете што се случи со Европа со имиграцијата. Имаат луѓе, што ја преплавуваат Европа насекаде и тоа ѝ штети. Стапките на криминал се многу зголемени. Се случуваат многу лоши работи. Стапките на криминал во Унгарија се многу ниски. Тие се исти како што беа секогаш, што е многу малку криминал. Бидејќи тој ја задржа Унгарија онака како што треба да биде. Европа, мислам, не сакам да навлегувам во поединечни земји. Сите тие се мои пријатели. Тие грешеа. Ја преплавуваат Европа со луѓе од целиот свет и Европа станува поинакво место. Им велам постојано на лидерите дека е  подобро да престанат, или повеќе нема да ја имаат Европа. Тоа што го прават е многу опасно.“ – укажа Трамп.

Орбан додаде дека бројот на нелегални имигранти е нула, затоа што никој не може да влезе на територијата на Унгарија без да добие дозвола од унгарските власти. „Ова е едноставна регулатива. Која е последицата од тоа? Ние сме под санкции, финансиски санкции од ЕУ, затоа што не дозволуваме нелегалните миграанти да дојдат во Унгарија, а исто така и во ЕУ. Мора да плаќаме секој ден по еден милион евра како казна на бриселскиот буџет, затоа што ги запревме мигрантите. Ова е апсурдниот живот, што го живееме сега во Европа.“ – рече унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во Вашингтон.

Најнови вести од: Македонија

Неуспешните обиди на Бугарите да ги спречат Кажимјеж Фелешко и други полски македонисти во меѓународната афирмација на самобитноста на македонскиот јазик

Денес, на 3 јули 2026 година се навршуваат 25 години од смртта на истакнатиот полски славист и македонист Кажимјеж Фелешко, еден од големата низа полски македонисти, кој има дадено драгоцен придонес кон меѓународните студии на македонскиот јазик, третиран како засебен јазик во семејството на јужнословенските јазици. Оваа годишнина е повод за осврнувањето на научното творештво негово, но и на цела една голема низа други исто така истакнати полски македонисти, кои повеќе децении во континуитет се вклучени во студиите за македонскиот јазик, во македонистиката во Полска, а со тоа и во широката меѓународна афирмација за македонскиот јазик. Во овој контекст е посебно за истакнување и една од најголемите полски македонистки и членка на Македонската академија на науки и уметности Зузана Тополинска, која во 2020 година ќе изнесе шокантно сведоштво во интервју за „360 степени“ дека Бугарите ѝ нуделе дури и пари да се откаже од македонистиката и македонскиот јазик. „Бугарите се циркус, поради својата несигурност во врска со поради македонскиот јазик!“ – ќе каже академик Тополинска во тоа свое интервју. Во 2005 година професорката Лилјана Минова – Ѓуркова ќе изнесе уште еден вџашувачки момент: при доделувањето на почесниот докторат на науки на Станислав Гајда, полски филолог и македонист, од страна на Универзитетот УКИМ, Бугарите им упатувале и ултиматуми не само на група македонски македонисти, туку и на самиот Гајда, „да се откажат од Македонците и македонските дијалекти во Бугарија“! Ова Ѓуркова го напишала во соодветно полско списание во статија посветена на доделувањето на почесниот докторат на науки на Гајда, инаку полски филолог-македонист, како и член на Полската академија на науки.    

Ошлис: Македонецот Наум Охридски е европски просветител, но и дипломат, а Европа ако ја изгуби Македонија, набргу ќе се изгуби и саматата себеси! (3)

Големиот германски македонист проф.д-р Волф Ошлис силно ја застапува македонската историска перспектива и нагласува дека дејноста и традицијата на Свети Наум Охридски е дел од македонското јазично-културно и просветителско наследство. Во своите истапувања на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура во Охрид во изминатите години Ошлис ја ја аргументирал повеќе пати својата констатација дека Наум е еден од основноположниците на македонската култура, јазик, религија и наука, без никаква врска со други народи во Балканот. Во својот научен труд со наслов „Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати“ Ошлис, дури, го означува македонскиот просветител и како еден од првите и тоа врвни европски дипломати, поради развиените контакти, што ги имал со тогашните владетели и видните личности од нивните царски дворови, во рамки на своето учество во тогашната Моравска мисија на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, започната во 863 година меѓу народите во Средна Европа.

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

To top