Македонија

Четири општини наместо градоначалник ќе добијат владин повереник

Следната недела Владата ќе назначи владини повереници во општините каде поради немање цензус не се избраа градоначалници и ќе има нов обид тоа да се направи во втората половина на декември

 

Дотогаш, како што посочи премиерот Христијан Мицкоски, оваа функција ќе ја вршат лицата кои ќе бидат назначени во договор со владините коалициски партнери, откако ДИК претходно ќе информира дека изборниот процес дека е завршен .

Откако ДИК ќе ја информира Владата потоа треба да го извести и Собранието дека изборниот процес е завршен за да може во рок од  60 дена да се спроведат нови избори во 4-те општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top