Македонија

„Фол“: Таравари се обидува очајнички со патриотски говор да го прикрие својот спектакуларен неуспех во управувањето со Гостивар!

„Пред да зборува за ‘волјата на суверенот’ и за ‘историските победници’,  подобро е Арбен Таравари да ги објасни историските долгови, урбанистичкиот отпад и политичкото дезертерство, што го карактеризираат. Бидејќи историјата не го препознава како симбол на отпор, туку како пример за неуспех, кој се обидува да се скрие зад големи зборови“. – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот редакциски коментар со наслов „Таравари, симболот на неуспехот, што се обидува да се маскира со патриотски говор“.

Натаму, порталот пишува: Изборите во Гостивар не се одржаа, поради некаква „тврдоглавост на владата“, туку поради длабокото незадоволство на граѓаните од неговото осумгодишно владење, кое остави зад себе општина заглавена во неверојатни долгови од над 20 милиони евра, остави разурнат Гостивар со уништени патишта, со ѓубре на секој агол и градски хаос, каков што никогаш порано не е виден.

Арбен Таравари ја претвори општина Гостивар во рекордер по долгови во цела Македонија. Кога дојде моментот да се соочи со граѓаните, тој дезертираше, оставајќи ја општината во рацете на Валбон Лимани, човекот, што го назначи како „штит“, за да ги избрише трагите од сопствените злоупотреби и својата неспособност. Но, граѓаните на Гостивар не дозволија да бидат измамени. Тие зборуваа во тишина, не излегоа на гласачките места, давајќи му на Таравари најасен одговор: повеќе не сакаат да бидат злоупотребувани, ниту манипулирани.

Уште повеќе, мандатот на вршителот на должноста претседател на општина Гостивар заврши со окончувањето на мандатот на советот на општината. Оттука, секое дејство на Лимани денес е противзаконско. Може да има тешки кривични последици за секој потпис, за секоја одлука и секој договор потпишани во овој период.“ – заклучува „Фол“ во својот редакциски коментар.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top