Македонија

Надлежните редовно да чистат, а несовесните граѓани да се казнуваат – порака од скопјани

Скопје се чисти, но дали навиките ќе се променат? Граѓаните задоволни од акцијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но апелираат надлежните да продолжат редовно да го чистат градот, а скопјани да имаат поголема свест и да ја чуваат чиста околината. Сметаат дека само удар по џебот и големи казни за несовесните кои фрлаат отпад насекаде- е […]

Скопје се чисти, но дали навиките ќе се променат? Граѓаните задоволни од акцијата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но апелираат надлежните да продолжат редовно да го чистат градот, а скопјани да имаат поголема свест и да ја чуваат чиста околината. Сметаат дека само удар по џебот и големи казни за несовесните кои фрлаат отпад насекаде- е формулата за почисто Скопје.

Три дена по генералката на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Скопје сега е видливо почисто. Алфа направи обиколка низ метрополата и  сликата е сосема поинаква од онаа од пред недела дена. Луѓето сега можат да фрлаат смет во контејнерите, и барем за сега ја нема онаа грда слика со расфрлан смет и црни ќеси низ улиците.

Сепак има и такви кои секогаш нешто им пречи. Прво им беше лошо кога градот беше нечист, а сега им смета што институциите конечно преземаат акција.

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека во изминатите три дена се изречени над 40 казни и повеќе од 70 опомени за физички и правни лица кои несоодветно го одложувале отпадот. Од Градот најавија дека акцијата за чистење нема да запре тука и дека во следната фаза ќе следат редовни контроли, построги санкции и проширување на активностите во сите општини.

Улиците сега се почисти, но вистинскиот предизвик е дали граѓаните и институциите ќе покажат поголема одговорност и свест да ги одржуваат чисти и по завршувањето на акцијата.

Екипите на „Комунална хигиена“ со помош на тешка механизација од скопските како и од општините од внатрешноста, за 72 часа го исчистија плоштадот и голем дел од централното градско подрачје. Беа ангажирани стотици работници, камиони, багери за чистење на речното корито на Вардар, парковите, како и неколку диви депонии. Беше изнесен над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top