Македонија

Ѓорѓиевски: Хиерархиски да одговараат и оние, што овозможија 500 лица да земаат плата без да одат на работа!

За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријави, ако има индиции за злоупотреби во Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во Македонската радиотелевизија изјави дека веќе имале средба со претставници на финансиската полиција, додавајќи оти не може да даде повеќе информации во интерес на истрагата.

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе бара и хиерархиска одговорност за овозможувањето да се зема плата без да се оди на работа во скопските јавни претпријатија. „Стојам зад сите факти, што ги изнесов во јавноста. Околу 500 лица се отстранети од списоците на вработени во јавните градски претпријатија, кои земале плата, а не оделе на работа, односно го прекршиле Законот за работни односи и дисциплината во претпријатието. Сакам да има и хиерархиска одговорност, што подразбира не само да бидат отстранети овие лица од списоците за вработување, туку да има и одговорност за оној, кој што потпишувал да земаат плата, а да не работат, но и за директорот, кој сето тоа го одобрувал.“ – нагласи Ѓорѓиевски

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Во програмата не беа предвидени пари за предновогодишно украсување. Но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогодишна прослава, каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани.“ – посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.


Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

„Газдарицата“ на „Камените кукли“ С.Д. (41) од Кратово физички нападнала вчера повеќе посетители на јавната археолошка месност!

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители.

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

To top