Македонија

Муцунски: Историската комисија нека си работи, но…

Шефот на македонската дипломатија нема да се навлече на наративот на претседателот на бугарскиот тим од „заедничката“ историска комисија

Политиката нема право да се меша во академската слобода, изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски со врска со работата со мешовита макеонско-историска комисија.

„Политиката ги има тргнато рацете од кога Владата ја предводи премиерот Мицкоски и од кога јас сум министер за надворешни работи. Ниту имаме направено притисок ниту имаме направено влијание, нешто што за жал се случуваше во минатото и за што имате сведоштва од членови на Комисијата во тоа време. Доколку навлезам во она што го кажа господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек во однос на многу работи кои ги кажа во последниот период, веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува – да го политизираме процесот“, рече Муцунски на прес-конференција во Владата.

Рекацијата доаѓа по  ставот на тамошниот шеф на  бугарскиот тим кој бил незадволен од напредокот од работата на комисјата која се уште расправа на 11 век.

Според Муцунски, обврската на членовите на Комисијата е да дебатираат, дискутираат и ако успеат да донесат некои заклучоци, низ призмата на нивните научни познавања, ќе успеат да ги координираат.

Министерот потенцира дека членовите на Историската комисија треба да си работат како научници. Верува дека има различно толкување за одредени состојби на двете страни на границата, но остава на академските работници независно да си работат.

„Не смееме да им поставувме притисоци ниту временски рамки. Имаат слобода да работат“, додаде Муцунски.

Димитров: Нема напредок во работењето на историската комисија

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top