Македонија

Во Македонија намерно се негува омраза кон Бугарија како рефлекс од 1944 година, тврди бугарски историчар?!

Наум Кајчев, заменик-претседател на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, ја обвини Македонија за намерно поттикнување омраза кон Бугарија?! „Другата цел што се обидуваат да ја постигнат е дополнително да ја зголемат тензијата на негативните чувства кај граѓаните на земјата. За жал, ова е еден рефлекс уште од 1944 година, во […]

Наум Кајчев, заменик-претседател на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, ја обвини Македонија за намерно поттикнување омраза кон Бугарија?!

„Другата цел што се обидуваат да ја постигнат е дополнително да ја зголемат тензијата на негативните чувства кај граѓаните на земјата. За жал, ова е еден рефлекс уште од 1944 година, во доктрината на македонизмот е вградено дека по секоја цена мора да има една омраза кон својот сосед, особено во однос на Бугарија“, изјави Кајчев за Бугарската телевизија (БТВ).

„Парадоксално е што слушаме оценки, повици за враќање во 1946 година. Има едно преживување на времето на Тито, на Титова Македонија, како некаков вид златно доба на оваа државност, што е парадоксално. Тие наводно се дистанцирани од Југославија и од Тито, а тој сè уште е патрон на двете најважни средни училишта во земјата“, забележа тој.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top