Македонија

Нови хотели и брза пруга – Македонија отвора туристички пат кон Грција

Македонија е меѓу ретките држави кои има двоцифрен раст на бројот на туристи. За само една година, воведена е 21 директна авио дестинација од европските метрополи, а само лани преку Македонија транзитирале преку 10 милиони патници. Ова доволно кажува за посветеноста на Владата за развој на туризмот, истакана вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонија има огромен потенцијал за развој на туризмот, добрата инфрaструктура носи повеќе туристи и пари за државата, но ни фалат добри хотели. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски, на панел дискусија посветена на Коридорот Е-75. Истакна дека изградбата на брзата пруга, понудата на винската индустрија, археолошките споменици и туристичките дестинации се предуслов за зголемување на туристичките посети.

Целта на Владата е да се задржат туристите кои поминуваат низ Коридорот 10, однонсно да не биде само транзит. Министерот за култура посочи дека за да го претвориме овој потенцијал, потребно е да се размислува пошироко.

Инфраструктурниот развој долж Коридорот 10 станува стратешки приоритет со цел поттикнување на туризмот, регионалната поврзаност и економската соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа. Еден од клучните проекти е изградбата на брзата железничка пруга меѓу Скопје и Солун, која ќе овозможи патување меѓу двата града за помалку од два и пол часа.

Покрај железничката модернизација, се планира и развивање на туристички капацитети долж трасата, со акцент на нови хотели, туристички комплекси и одморалишта во близина на градовите низ кои минува Коридорот. Со тоа, владините претставници очекуваат зголемен број на посетители, подобра искористеност на локалните ресурси и развој на малите бизниси во секторот на угостителство и туризам.

Проектот, кој е дел од пошироката иницијатива за модернизација на Коридорот 10, предвидува и подобрување на патната инфраструктура, изградба на нови приклучоци и подобра сигнализација, што ќе го направи движењето побрзо, посигурно и поефикасно.

Од Владата посочија дека се подготвува градење на брза пруга од Скопје до Солун. Паралелно, се градат и автопатските делници Охрид-Кичево, Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола. Како најново е експресниот пат Крива Паланка до Бугарија.

До крајот на годинава се очекува да се пуштат нови 18 километри од автопатот Кичево-Охрид. Се очекува да биде пуштен во употреба до крајот на следната 2026. година.

Најнови вести од: Македонија

To top