Македонија

Наместо да ја критикува „Пониква“, Венко во Дубаи да однесе повредени од Кочани (ВИДЕО)

Има ли Венко Филипче малку почит кога за искрената намера на власта ова одморалиште да го адаптира за рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани вели „Во Пониква не можеш да отидеш на одмор, а не пак на лекување“. „Добро има ли малку почит ова да го зборува. Па тие луѓе не одат на […]

Има ли Венко Филипче малку почит кога за искрената намера на власта ова одморалиште да го адаптира за рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани вели „Во Пониква не можеш да отидеш на одмор, а не пак на лекување“.

„Добро има ли малку почит ова да го зборува. Па тие луѓе не одат на одмор туку на рехабилитација, вели авторот на емисијата „5 минути со Чавез“.

Да Пониква не може да се споредува со белосветските центри. Филипче брат ,тебе Пониква не ти е ниво, ти си на Дубаи навикнат.

Еве еден предлог, земете ти и Зоки неколкумина од повредените во Дубаи. Тоа бар за вас не е никаков трошок, и онака сте златни инвеститори.

Пониква можеби ќе беше на ниво на Дубаи Швајцарија или Турција да немаше фирми како на пример Зобек мининг груп која за три пати повисока цена продавала јаглен за РЕК Битола од реалната а таа фирма го почастила Филипче со џипче Ауди Ку 8.

Посредник пак за купопродажбата била фирма на Вице Заев регистрирана на иста адреса во Петрич како фирмата на Филипче.  Онаа де во Бугарија што заборави да ја пријави. Како се вели кругот е мал а во него сме сите.

Пониква можеби ќе беше како рехабилитациските центри во , Словенија, Грција па дури и во Србија да не беше аферата „Провизии“ каде повторно е Филипче.

Таму Венко додека беше министер за здравство дозволил модуларната во Тетово да се пушти без дозвола и со материјали што горат како кула од карти. По пожарот, кога се свестил што направил, дал наредба другите слични болници да се изградат со огноотпорни материјали.

Пониква можеби ќе беше центар по мерак на Венко со сите нишани. ако не беше и аферата со вакцините за време на короната и во која повторно беше вмешан Филипче…

Во услови кога ЕУ и тогашната влада не оставија да умираме и да не беше Вучиќ ќе немавме ниту една вакцина, Венко како министер за здравство се обиде да купи 200.000 кинески вакцини преку фирма од Хонг Конг.

Една вакцина сакаа да платат 62 евра а сите држави ја купуваа за најмногу 30. Келнерите ова го викаат „ако проџе проџе“.

Дека ништо не е исто како во времето на Филипче доказ е и Обвининението за пожарот во дискотеката во Кочани.

Поднесено е обвинение против 34 лица. Кај да е ќе има и судење и директни виновници. Има разлика од она кога кабелот беше виновен….

Најнови вести од: Македонија

Денес седница на собраниската комисија за надѕор на работата на безбедносните агенции и надѕорна посета во АНБ

„Се следи и прислушува од 90-тите години. Една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира врз уставниот поредок. Последиците на таквиот извитоперен систем уништуваат човечки судбини на генерации луѓе и ја доведуваат во опасност целата држава, ставајќи го на тацна безбедносниот систем.“ – имаше изјавено претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својот говор на одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Веапоска: Немам веќе ни сила, ни здравје, во државава нема ни суд, ни правда

На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова.

Жената останала без три органи, а судските рочиштата постојано се одложуваат

Судскиот процес за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во болницата во Струга во 2020 година ѝ биле отстранети матка, јајник и бубрег, повторно е одложен во Основниот суд во Струга на 9 септември 2025 година.

To top