Бизнис

Еуромак Брокер АД финалист за „Осигурителен брокер на годината“ на наградите „Го Глобал“ за 2025 година

Наградите, кои ги доделува Меѓународниот трговски совет, ја признаваат меѓународната извонредност во трговијата и иновациите

Осигурителната брокерска фирма „Еуромак Брокер“ АД, со задоволство го објавува својот избор за финалист во престижната категорија: Осигурителен брокер на годината на наградите „Го Глобал“ за 2025 година. Наградите, кои ги доделува Меѓународниот трговски совет, ја признаваат меѓународната извонредност во трговијата и иновациите – соопштија од фирмата.

„Еуромак Брокер АД го отелотворува духот на иновативноста и цврстината на компаниите, што наградите „Го Глобал“ имаат за цел да ги прослават. Нивната посветеност на оптимизирање на моделите за осигурување и поддршка на странските инвестиции во Република Северна Македонија поставува висок стандард во индустријата“, рече Ранџани Ранган, директор на Меѓународниот трговски совет, притоа истакнувајќи го задоволството и интересот кој го предизвикува Еуромак Брокер со своето влијание на глобалниот осигурителен пејзаж.

Основана во 2003 година, „Еуромак Брокер“ АД е прва осигурителна брокерска компанија во независна Македонија и една од првите во поранешна Југославија. Работејќи во предизвикувачка деловна средина, компанијата постојано им обезбедува на клиентите оптимизирани осигурителни решенија, конкурентни премии и можности за реосигурување. „Еуромак Брокер“ е особено посветен на олеснување на усогласеноста за странски инвестиции во Северна Македонија, осигурувајќи дека програмите за осигурување на инвеститорите се усогласени со локалните деловни услови и закони.

Категоријата „Осигурителен брокер на годината“ им оддава признание на компаниите кои покажуваат исклучително лидерство и иновации во осигурителната индустрија. За „Еуромак Брокер“ АД, ова признание ја нагласува нејзината стратешка улога во справувањето со деловните неизвесности преку прилагодени модели на осигурување и договори за реосигурување. Нивниот фокус на поддршката на странските инвестиции го истакнува нивниот придонес кон економскиот раст и стабилноста во Република Северна Македонија.

„Признанието за финалист за наградата „Осигурителен брокер на годината“ е доказ за напорната работа и посветеноста на нашиот тим“, рече Драган Лазарески, извршен директор на „Еуромак Брокер“ АД. „Тоа ја одразува нашата посветеност кон совршенство и кон довербата што нашите клиенти ја имаат во нас за да ги заштитиме нивните интереси. Чест ни е да ја претставуваме Република Северна Македонија на оваа глобална сцена.“

За наградите Go Global

Клучната годишна програма на Советот за меѓународна трговија, наградите Go Global, ја признаваат извонредноста во глобалната трговија, иновациите и проширувањето на пазарот. Секоја година, Советот разгледува илјадници номинации од целиот свет, оддавајќи им признание на  бизниси, влади и трговски организации кои покажуваат извонредни достигнувања во различни категории, вклучувајќи трговско лидерство, иновации и технологија, извонредност во синџирот на снабдување, е-трговија, одржливост и друго. Наградите ги истакнуваат компаниите што имаат значително влијание во меѓународната трговија.

За Советот за меѓународна трговија

Советот за меѓународна трговија е глобална, мултилатерална стопанска комора посветена на проширување на глобалната трговија преку стратешки партнерства и иновативни програми. Советот обезбедува практични алатки и ресурси за да им помогне на компаниите да се снајдат на меѓународните пазари, да го намалат ризикот и да го забрзаат растот.

Критериуми за доделување – Осигурителен брокер на годината

Наградата „Осигурителен брокер на годината“ ги признава извонредните достигнувања и извонредност во осигурителната брокерска индустрија. Ова ценето признание ја почестува брокерската фирма која демонстрира неспоредлива експертиза во справувањето со сложеноста на осигурителните пазари, особено во предизвикувачката економска средина на Република Северна Македонија и поширокиот регион. Критериумите за евалуација се: Лидерство на пазарот и иновациите; Управување со односите со клиениетм; Управување со ризици и оптимизација;  Придонес кон економската транзиција, Усогласеност со регулативата (почитување на сите законски прописи и индустриски стандарт.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top