Спорт

Велс двојно подобро рангиран од Македонија, но загуби три од последните четири меча

Велшаните се 34. на листата на ФИФА, наспроти 65. место на „црвено-жолтите“, кои имаат победа и три нерешени по септември

Фудбалската репрезентација на Велс на хартија е фаворит против Македонија во меѓусебниот директен дуел вечерва од 20:45 часот во Кардиф за второто место во квалификациската група за Светското првенство 2026, со оглед на 34. место на листата на ФИФА наспроти 65. на „црвено-жолтите“.

Но, избраниците на селекторот Крег Белами загубија во три од последните четири натпревари, а не се прославија ни во саботната победа од 1:0 над Лихтенштајн во Вадуц, кога Џордан Џејмс во 61. минута го скрши отпорот на аутсајдерот со пораз во сите седум квалификациски меча за СП 2026 и гол-разлика 0:24.

Пред тој меч, Велшаните беа поразени во контролните средби против Англија со 3:0 на „Вембли“ и против Канада со 1:0 во Свонси, како и во мундијалските квалификации против Белгија со 4:2 во Кардиф.

Од друга страна, избраниците на селекторот Благоја Милевски во последните четири меча имаат триумф над Лихтенштајн од 5:0 во Скопје и реми без голови со Белгија во Брисел и 1:1 со Казахстан на свој терен во квалификациите за СП, како и 0:0 во контролката со Летонија на арената „Тодор Проески“ во четвртокот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top