Македонија

Села „му раскина“на Ахмети!

Партијата (едното крило од АА) ќе дејствува самостојно и пратениците на Алијансата ќе го формализираат создавањето на независна пратеничка група во Собранието

Раководството на Алијансата за Албанците објави дека сега официјално се одвојува од НАИ, коалицијата формирана на последните локални избори.

Според соопштението од крилото на АА, раководството едногласно одлучило дека партијата ќе дејствува самостојно, додека во наредните денови се очекува пратениците на Алијансата да го формализираат создавањето на нивната пратеничка група како независна група во Собранието.

Партијата повтори дека ќе остане „силен опозициски глас на Албанците“, одржувајќи комуникација со другите опозициски субјекти, најавувајќи широка кампања на средби со членови, граѓани, политички и општествени актери за зајакнување на редовите во овој чувствителен политички период.

Од АА велат дека иако коалицијата со која  натпреваруваше на локалните избори се појави како победник на национално ниво на листите за советници, партијата изрази длабоко незадоволство од резултатот во трката за градоначалници.

Тие обвинија за „моќен државен инженеринг“ и соработка на владејачките албански партии со македонски субјекти, што според нив имаше за цел да ја реализира платформата на ВМРО-ДПМНЕ за „дефакторизирање на Албанците“.

Според АА, националната кауза, рамноправноста на Албанците во државата и во Уставот, како и решавањето на „штетите предизвикани од сегашната влада“, остануваат главни приоритети на партијата.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top