Македонија

Разбиена тутунска мафија во Скопје, Тетово, Кичево, Гостивар и Струга – одземени цигари вредни над милион денари

Државниот пазарен инспекторат на 17 и 18 ноември годинава извршил инспекциски надѕори на територијата на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти, кои вршат трговија на мало со тутун и со производи од тутун. При извршените инспекциски надѕори кај 16 правни субјекти затекнати се количества на тутунски производи, за кои фирмите немаат документи за набавка од добавувач, ниту потребни ознаки – акцизни марки.

Согласно со законските надлежности, затекнатите производи во количество од над 3000 пакувања со вредност поголема од еден милион денари, се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија.


За констатираните прекршоци Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи согласно со законските надлежности, издаде прекршочни платни налози. Државниот пазарен инспекторат за констатираните неправилности достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи, заради нивно понатамошно постапување.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведувањето инспекциски надѕори, заради откивање и казнување на незаконската трговија на територијата на Република Македонија согласно со своите законските надлежности. Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top