Македонија

Костадинов од Преродба го честита „колосалниот неуспех“ против Македонија во ЕП и побара оставка од Владата

„Колосалниот неуспех“ на бугарските европратеници да го протуркаат амандманот со кој се додава „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија го искористи лидерот на Преродба, Костадин Костадинов, за да побара оставка од Владата на Бугарија веднаш. „Извештајот официјално ги признава илјадагодишниот македонски идентитет, јазик и култура, а […]

„Колосалниот неуспех“ на бугарските европратеници да го протуркаат амандманот со кој се додава „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија го искористи лидерот на Преродба, Костадин Костадинов, за да побара оставка од Владата на Бугарија веднаш.

„Извештајот официјално ги признава илјадагодишниот македонски идентитет, јазик и култура, а на сметка на тоа го отфрла присуството на какви било Бугари во Македонија. Исто така, во извештајот не се споменува ниту збор за репресија врз Бугарите во Македонија.

Честитки до сите бугарски евроатлантски јаничари чиј сон за убивање на Бугарија и на бугарскиот народ продолжува да се остварува. Честитки до владата на ГЕРБ, ДПС, БСП, ИТН, која не отвори уста да каже ниту збор за заштита на Бугарите во Македонија. Честитки до нашите сојузници од Европската унија, кои покажаа дека со вакви сојузници не ни требаат непријатели. Честитки до сите бугарски наивници кои чекаа некој друг да ни помогне, а на крајот се случи европратениците на Орбан експлицитно да се изјаснат против сите бугарски измени во извештајот, благодарение на кои тие беа одбиени.

Поради овој колосален неуспех, владата на ГЕРБ-ДПС-БСП-ИТН треба веднаш да поднесе ОСТАВКА!“, побара Костадинов на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Дали денешната средба на косовското Ветвендосје на Албин Курти со Албанци во Скопје е најава дека ќе ги прошири активностите и во Македонија?!

Веќе 14 години во оптек е идејата, поточно намерата на Албин Курти, доскорешен премиер на Косово, и актуелен лидер на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) да отвори свој огранок, или центар, и во Македонија. Засега нема поблиски информации дали би можело наскоро таа идеја и намера да се реализира, со тоа што партијата на Курти би го проширила своето политичко дејствување и на територијата на Македонија. Инаку, Ветвендосје одржува блиски контакти и тесна соработка со коалицијата Вреди.

Пренџов: Заев и Филипче ѝ дадоа на Бугарија што бараше 150 години, но Бугарите во Уставот ќе влезат кога и Македонија и Македонците во ЕУ!

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа Бугарија го бара 150 години и ниеден претходно не го направил тоа, што што го направија Заев и Филипче. Предупредувавме дека ќе завршиме во ќорсокак, дека на Македонецот му е доста од понижување. Предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе, кои ќе ја наведнуваме главата, научени да губиме, а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, но ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена! Кога се работи за Македонија, за нашите предци и за нашите поколенија, мора многу сериозно, многу стратегиски и многу мудро да се размислува. Не велиме дека никогаш нема да има Бугари во Уставот, но велиме дека велиме кога Македонците ќе влезат во ЕУ тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостувањето во ТВ Канал 5.

Забавниот парк „Зимзоленд“ под клуч – инспекцијата го затвори по направените вонредни контроли

Клуч за вртелешките во скопско Ново Лисиче. Забавниот парк „Зимзоленд“ е затворен за посетители. Според информациите, во текот на денот објектот бил затворен по интервенција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Општина Аеродром. На терен и инспекоти од УЈП.

Најнови вести

To top